ФУДБАЛ

Реал договори трансфер за 70 милиони евра

Ендрик ќе игра за Палмеирас додека да наполни 18 години, а потоа кариерата ќе ја продолжи во Реал.

Челниците на Реал го договориле трансферот на младиот фудбалер од Палмеирас Ендрик, тврди познатиот италијански спортски новинар Фабрицио Романо. Тој истакнува дека Реал го комплетирал трансферот на младиот бразилски фудбалер кој ќе биде официјализиран дури во 2024 година. Ендрик е роден на 21 јули 2006 година.

„Договорени се деталите од договорот, а планот е наскоро да биде комплетиран целиот трансфер. Реал ќе плати повеќе од 70 милиони евра, остануваат само некои детали“, најави Романо.

За него се интересираше и Пари Сен Жермен, шампионот на Франција понуди 58 милиони евра, а челниците на Палмеирас решија да го продадат младиот фудбалер на Реал. Ендрик одигра седум натпревари за првиот тим на Палмеирас и постигна три гола.

Поранешниот бразилски репрезентативец Роналдо побара од селекторот на оваа земја Тите да го однесе Ендрик на Светското првенство во Катар.