Легендарниот италијански тренер Фабио Капело го смета неговиот поранешен клуб за суперсила што нема да ја почувствува кризата дури и заради пандемија на коронавирус.
Клубовите ширум Европа би можеле да имаат големи проблеми откако пандемијата ги откажа првенствата и многу натпревари, но Капело, кој двапати ја има освоено лигата со „Кралевите“, смета дека Реал ќе биде поштеден и ќе може да помине без пораз во овој тежок период.
„Ми се чини дека во Шпанија (економски) единствениот тим што нема да биде уништен од оваа пандемија е Реал Мадрид. Барселона и Атлетико ќе страдаат многу“, рече Капело за „Газета Дело Спорт“.
Капело го водеше Реал Мадрид во две различни фази и ја освои Ла Лига во двата наврати.