ФУДБАЛ

Реал е меѓу првите кој му изрази сочувство на Пеп

Коронавирусот предизвика смрт на 82-годишната Долорс Сале Карио, мајката на Пеп Гвардиола.

Познатиот фудбалски тренер неодамна инвестираше милион евра за борба против коронавирусот, но неговата мајка почина денес.

Менаџерот на Манчестер Сити е во голема тага, но поддршка и сочувство не се исоставени од еден од неговите најголеми ривали.

Познато е колку Пеп имаше расправија со Реал за време на престојот во Барселона, и како играч и како тренер, но Кралскиот клуб сега му изрази сочувство.

„Реал Мадрид длабоко жали за смртта на Долорс Сала Карио, мајка на Пеп Гвардиола. Нашиот клуб посакува да искажи сочувство на семејството на Пеп и на најблиските”, изјави мадридскиот клуб откако починала мајката на поранешниот тренер на Барса.