ФУДБАЛ

Реал го гледа Кулибали како наследник на Рамос

Лос Бланкос бараат стабилен одбранбен играч за следната сезона, кој ќе го замени Серхио Рамос во иднина.

Реал Мадрид планира да се засили по крајот на оваа сезона.

На шпанските гиганти им треба стопер и се свртеа кон играчот на Наполи, Калиду Кулибали.

Веста ја објави италијанскиот спортски медиум „Калчомеркато“.

Лос Бланкос го гледа Сенегалскиот репрезентативец како долгорочен наследник на Серхио Рамос.

Сепак, Реал мора да се соочи со Манчестер Јунајтед, кој исто така го сака фудбалерот.

Реал е подготвен да даде голема понуда за трансфер на Кулибали.

Според медиумите, Наполи не би го пуштил за сума помала од 100 милиони евра.