ФУДБАЛ

Реал гостува на стадион на кој не можат да се сместат повеќе од 4.000 гледачи

Унионистите ќе имаат можност да го одмерат силите со Реал Мадрид во Купот на кралот, при што првиот натпревар се игра следната среда.

Иако стадионот на оваа екипа во Саламанка прима само 4.000 гледачи, натпреварот помеѓу Унионистас и Реал ќе се игра на тој терен и тоа ќе биде интересен гостински настап за одличниот тим од Мадрид.

Имаше сугестија дека натпреварот треба да се одигра на стадионот „Саламанс“, но  беше решено дуелот да се игра на „Лас Пистас“.

Во петокот наутро се одржа состанок на локалната самоуправа и беше решено дека стадионот „Лас Пистас де Хелмантико“ ќе ги исполни сите услови.

Сега Унионистите ќе презентира соодветна документација за да се започне со додавање на дополнителните места и осветлување.