Не само на теренот за различни трофеи, Реал Мадрид и Барселона ќе се борат и за истите напаѓачи пред новата сезона 2020/21, пренесуваат шпанските медиуми.
Додека целото внимание е на денешното „Ел Класико“, Реал и Барса размислуваат и за купување на напаѓач во текот на летото.
Во Шпанија се шпекулира дека овие ривалски клубови ги следат истите напаѓачи пред да одлучат кој да го пренесат.
Со тоа што Лука Јовиќ досега не успеа да се докаже во Реал Мадрид, клубот размислува да го замени со едно од следниве имиња, Ерлинг Халанд, Лаутаро Мартинез или Тимо Вернер, пренесува шпанскиот весник „МАРКА“.
Халанд е на врвот на листата со желби на Реал откако постигна 12 гола на само девет натпревари од преселбата во Дортмунд во јануари.
За Барселона, во меѓувреме, според каталонскиот весник „Мундо Депортиво“, фокусот е на напаѓачот на Интер, Лаутаро, но го гледаат.
Двата тима имаа пикирано исти играчи, па летниот трансфер период очекуваме голема борба меѓу двата тима.