Реал Мадрид донесе неколку талентирани фудбалери од Бразил, прв што дојде е Винисиус Јуниор од Фламенго.
Овој 19-годишник стана член на „Кралевите“ во 2018 година и засега честопати добиваше шанса да покаже што знае во првиот тим на еден од најголемите клубови во светот.
Интересно е што Винисиус го избра Реал пред Барселона. Тој објасни зошто го сторил тоа.
„Реал Мадрид и Барселона ставија понуди на масата по првенството во Јужна Америка до 17 години. Имав само три дена да одлучам, и бидејќи секогаш сакав да играм за најголемиот клуб во светот, го избрав Реал“, рече Винисиус, додавајќи:
“Моите родители ги посетија двата клуба и Мадрид им се допадна повеќе. Тоа се совпадна со моите желби и чувствував дека нивниот проект е подобар за мене. Тие им даваат многу простор на младите играчи и имавме навистина неверојатна низа во ЛШ”, изјави младиот фудбалер .
Реал потроши 46 милиони евра за младиот Бразилец и тој постигна осум гола на 59 натпревари во првиот тим.