Се одиграа првите два дуела од вечерашната програма во Лигата на шампионите.
Во групата Б, Милан беше домаќин на Порто.
Гостите одлично го отворија натпреварот и во шестата минута по разигрувањето на домашната одбрана одзедоа една топка, акцијата ја продолжи Грујиќ кој го ангажираше Дијаз и тој рутински погоди за 0:1.
„Росонерите“ израмнија во 61. минута со автоголот на Мбембе, а 1:1 беше конечниот резултат на натпреварот, кој повеќе им одговара на гостите од Португалија.
Во групата Д, Реал во Мадрид му гостуваше на Шактар од Доњецк.
Кралевите одлично го отворија натпреварот и Бензема погоди во 14. минута на асистенција на Винисиус. Ова беше исто така историски момент имајќи предвид дека тоа беше и 100-тиот гол на Реал Мадрид во Лигата на шампионите и поранешниот Куп на шампионите.
Во 39. минута гостите дојдоа до израмнување преку Фернандо, а асистенцијата ја запиша Алан Патрик.
Се играше во 61. минута, а на сцената повторно се истите актери. Винисиус асистира, Бензема погодува за 2:1 и испаѓа дека до крајот му носи вреден триумф на мадридскиот клуб.