ФУДБАЛ

Реал испрати препорака до Французите: Поштедете го Варан!

Лекарите на Реал Мадрид испратија извештај за повредата на Рафаел Варан до Францускиот фудбалски сојуз и препорачаа овој дефанзивец да биде поштеден од понатамошни активности.

Варан одигра комплетен натпревар против Украина (1:1), но Реал Мадрид прави се за да ги запре неговите настапи на следните натпревари или барем на еден од нив.

Лекарите на кралскиот клуб му испратија на ФС Франција извештај за повредата што ја има Варан, и тие го замолија да прескокне барем еден од следните натпревари против Казахстан и Босна и Херцеговина.

Во Мадрид би биле најсреќни доколку нивниот играч ги прескокне двата натпревари, но тоа веројатно нема да биде случај.

Французите утре гостуваат кај Казахстан, а во среда следува натпреварот против БиХ.

Треба да се напомене дека одличниот играч за врска на Челзи, Н’Голо Канте, ќе ги пропушти овие натпревари.