Кралскиот клуб ја одреди цената за Колумбиецот Хамес Родригез, 28-годишниот Колумбиец, следната година ќе стане слободен агент, а преговори за нов договор не се во најава.
Затоа, Реал Мадрид сака да го продаде играчот од средниот ред за околу 25 милиони евра, пренесува „Марка“. Само пред една година, Атлетико и Наполи понудија 45-50 милиони за Родригез, но кралскиот клуб одби.
Сега играчот за играчот се заинтересирани Манчестер јунајтед, Арсенал, Евертон и Вулверхемптон, кои се свесни дека Реал Мадрид е присилен да го пушти Хамес да си оди за „разумна“ цена.
Доколку фудбалерот остане на „Сантијаго Бернабеу“, тогаш мадридскиот тим планира да преговара за намалување на платата со него. Во моментов, тој добива повеќе од седум милиони евра годишно.