ФУДБАЛ

Реал ја постави цената на Иско

Неодамна интерес за шпанскиот играч од средниот ред на Реал покажа Ливерпул.

Реал Мадрид ја постави цената на Иско.

Шпанскиот играч од средниот ред заврши на мета на Ливерпул, кои бараат плеј мејкер за следната сезона.

„Ел Десмарке“ пренесува дека тренерот Јирген Клоп ги замолил челниците на клубот за да го донесат Иско.

„Лос Бланкос“ го вреднуваат играчот од средниот ред со 70 милиони евра.

Во последните неколку години се зборуваше за евентуално заминување на Иско од Мадрид.

Тој досега има одиграно 17 натпревари за „Кралевите“ оваа сезона и има постигнато еден гол.