Реал ја сака ѕвездата на Арсенал, подготвен да го понуди Родригез за него

Written by

in

Уште еден лош почеток на сезоната за Арсенал. Со играта што ја покажуват „Топџиите“ Лигата на шампионите изгледа недостижна.

Пјер-Емерик Аубамејанг е најдобар стрелец на тимот со осум гола и има амбиција да игра во најпрестижното европско натпреварување.

Според „Ел Десмарк“, доколку „Топџиите“ повторно не успеат да се пласираат во Лигата на шампионите, Реал Мадрид е подготвен да интервенира за напаѓачот.

„Лос Бланкос“ бараат брз и опасен напаѓач и затоа Ауба е на врвот на листата.

Како што пренесуваат медиумите, може да има и размена помеѓу него и Хамес Родригез, за ​​кого му се допаѓа Унаи Емери.