ФУДБАЛ

Реал ја совлада Севиља, херој на натпреварот беше Касемиро со два гола

Реал Мадрид ја совлада Севиља со 2:0 на „Сантијаго Бернабеу“.

Очекуван тежок натпревар за Реал, но екипата на Зинедин Зидан сепак постигна три бода во борбата за титулата.

Немаше погодок во првото полувреме, а во 31. минута беше поништен голот на Севиља поради фаул во напад.

Којзнае каква би била ситуацијата доколку резултатот беше 1-0 во корист на Севиља, но Реал имаше среќа што ВАР забележа фаул во нападот.

Во 57. минута Касемиро погоди за 1-0 по асистенција на Лука Јовиќ.

Севиља се врати во 64. минута. Лук де Јонг постигна одличен гол.

Но, само пет минути подоцна, Реал повторно постигна гол. Лукас влезе од десната страна, Касемиро беше заборавен од гостинската екипа и мирно постигна гол за 2-1, што беше и конечниот резултат.

Реал се врати на првото место со 43 бода, но Барса има шанса да биде лидер утре против Гранада, иако во тој случај ќе имаат ист број на бодови. Севиља останува со Атлетико во делбата на третото место со по 35 поени.