ФУДБАЛ

Реал ќе го искористи Бејл за да го доведе Деле Али

Се очекува „Лос Бланкос“ да го продаде Герет Бејл на Тотенхем, а за возврат би можеле да ја побараат ѕвездата на „Спарс“, Деле Али.

Реал Мадрид не седи со скрстени раце.

Според британскиот медиум „Телеграф“, „Кралевите“ ја побарале англиска sвезда на Тотенхем во замена за Бејл.

Се чини дека сопственикот на клубот, Даниел Леви е подготвен да го пушти англискиот репрезентативец да си замине само за да стигне до Бејл, кој беше дел од клубот од Премиер лигата.

Менаџерот на Бејл, Барнет неодамна откри дека Реал Мадрид е во преговори со Тотенхем за трансфер на играчот во Лондон.

Деле Али, пак, би можел да заврши на „Сантијаго Бернабеу“.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига