ФУДБАЛ

Реал ќе игра без петмина првотимци на дуелот против Осасуна

Реал вечер на домашен терен во 21:00 часот ќе игра без петмина првотимци на дуелот против Осасуна.

На официјалниот Твитер профил на „кралскиот клуб”, е објавен составот за натпреварот од 6. коло од Шпанското првенство, против Осасуна.

Зидан кој нема многу опции поради големиот број на повреди, помеѓу 19-те не ги вброи дефанзивците Ферлан Менди и Марсело, играчите од средниот ред Иско и Лука Модриќ, како и офанзивецот Герет Бејл.