Бројот седум во Реал Мадрид практично беше статусен симбол.
Низ историјата „Седмица“ на белиот дрес ја носеа великани како Копа, Бутраген, Раул и Кристијано Роналдо, по што ја носеа Маријано и Еден Азар.
Заминувањето на Белгиецот отвори нова можност, па Реал потврди дека за новата „седумка“ сезонава е задолжен еден од најдобрите играчи на тимот, Винисиус.
Бразилецот се профилираше како еден од најдобрите фудбалери во светот под водство на Карло Анчелоти, а иако не му помогна на својот тим да ги освои титулите во лигата и Лигата на шампионите оваа сезона, тој остави одличен впечаток со 23 гола и 21 асистенција на 55 натпревари.
Мадрид го напушти и Марко Асенсио, кој го ослободи дресот со број 11, а ќе го земе Родриго.
