Голем број фудбалери последните недели се поврзуваат со Реал откако стана јасно дека тимот ќе претрпи реконструкција на крајот од сезоната.
Последен во низата е Душан Тадиќ кој во март буквално го уништи европскиот првак на реванш дуелот од осминафиналето на Лигата на шампионите, кога Ајакс на Бернабе славеше со 4-1. Постигна еден прекрасен гол и намести уште два во убедливата победа која тимот од Амстердам го однесе во следната фаза.
Марка денеска објави дека Тадиќ му бил понуден на Реал пред неколку недели и тоа за интересна цена од 15 милиони евра. Сепак, раководството на клубот категорично ја отфрлило оваа можност. Официјалните причини не се соопштени, но се шпекулира дека тоа е возраста на фудбалерот кој има полни 30 години.