Реал Мадрид денеска ги претстави дресовите за новата сезона.
Кралскиот клуб неодамна ја претстави првата гарнитура дресови во кои овој тим ќе игра најголем дел од натпреварите во новата сезона, а секако дресовите се во традиционалната бела боја.
Реал Мадрид утринава реши да ја претстави втората гарнитура дресови во кои ќе настапи на гостувањата. Адидас подготви интересен дизајн, а изборот на бои ги изненади фановите на овој клуб.
Тие одлучија гостинските дресови да бидат во виолетова, но ова не е прв пат, бидејќи оваа боја веќе ги краси дресовите на Реал Мадрид.
👕🛍️ Which name is going on yours?
🔥 @adidasfootball— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) July 1, 2022
Претходниот пат Реал Мадрид имаше дресови во оваа боја во сезоната 2016/17. што остана во добро сеќавање бидејќи во тоа време беа шампиони на Европа, а во финалето против Јувентус играчите на Реал настапија во виолетови дресови.
💜 New away kit just DROPPED.
👕 @adidasfootball pic.twitter.com/sienpBKJO9— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) July 1, 2022