Победникот на шпанскиот Суперкуп ќе се решава и годинава по мини турнирот.
Домаќин на финалето повторно ќе биде Саудиска Арабија, а веќе се познати распоредот и термините на одигрување на натпреварите.
Во полуфиналето ќе играат Барселона – Реал Мадрид, а тоа дефинитивно ќе биде финале пред финалето со оглед на ривалството меѓу двата клуба.
Популарното Ел Класико ќе се одигра во среда на 12 јануари од 20 часот по средноевропско време.
Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао. Тие ќе играат ден подоцна, во четврток на 13 јануари, исто така од 20 часот.
Финалето е закажано за 16 јануари во 19:30 часот. Сите натпревари ќе се играат на стадионот Фахд во Ријад.