ФУДБАЛ

„Реал Мадрид и Борусија ќе договорат реми? Па, ова е ЛШ, а не некое кафанско натпреварување“

Интер вечерва игра против Шахтјор и само со победа ќе се пласираат во нокаут фазата од ЛШ. Но, сепак ќе треба да чекаат и победа на еден од тимовите во пресметката помеѓу Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах. Доколку овој меч заврши нерешено, тогаш Интер ќе извиси, а во следната рунда одат „Кралевите“ и германскиот тим.

Токму за ова беше прашан на прес конференцијата тренерот на Интер, Антонио Конте.

– Пред една недела бевме како мртовци, а сега, кога ја гледаме светлината на крајот на тунелот, треба да мислиме само за победа. За другиот меч не се грижам. Ова е Лига на шампиони, играат големи клубови, не е некое натпреварување во кафана. Во ова ниво на фудбал, секој игра за победа, вели Конте.

ПОВРЗАНО

Лига на шампиони