ФУДБАЛ

Реал Мадрид им претстави план на играчите кој на никој не им се допадна

Реал Мадрид, како и сите големи екипи, е во лоша финансиска состојба.

Коронавирусната пандемија создаде хаос во светот на фудбалот, а Реал, во договор со играчите, успеа да заштеди нешто намалувајќи ја платата на сите за десет проценти.

Исто така, играчите се откажаа од премијата за освојување на шампионската титула, но ситуацијата е сепак многу тешка, па се предвидува дека Реал ќе ја заврши сезоната со загуба од 200 милиони евра.

Затоа, како што тврди Куатро, управата на клубот сега предложи намалување на платата за дури 25 проценти за играчите.

Секако, фудбалерите веднаш одбија. Тие чувствуваат дека веќе направиле две големи отстапки и дека ова е веќе премногу сега.

Сепак, Куатро тврди дека играчите не го отфрлиле целосно предлогот за намалена плата, но дека се подготвени да преговараат за сите да бидат задоволни на крајот.

Сепак, има и такви кои не сакаат да преговараат. Капитенот Серхио Рамос не одговори ниту на понудата на клубот за продолжување на соработката и наводно е пред заминување по 16 години поминати во клубот.

Се претпоставува дека ќе има повеќе заминувања, а меѓу најголемите кандидати за заминување се Лукас Васкез и Иско.