Челниците на Реал Мадрид се подготвени да потрошат дури една милијарда евра на крајот од сезоната за фудбалерот на Пари Сен Жермен и француски репрезентативец Килијан Мбапе, тврди денеска италијанскиот весник „Газета дело спорт“.
„Светското првенство го издигна и целиот договор со обештетување, плата и спонзорства може да достигне милијарда. Од тоа 150 милиони евра би биле обештетување на францускиот шампион. Мбапе би добил 626 милиони евра за четиригодишен договор, а остатокот би одел на бонуси“, пишува италијанскиот весник.
Real Madrid are 'ready to pay €1 billion' to sign PSG superstar Kylian Mbappe! 🤯 pic.twitter.com/hx2W6iJPyN
— SPORTbible (@sportbible) December 22, 2022
Мбапе ја одби понудата на Реал во мај, бидејќи го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година. Тој беше поразен со Франција во финалето на Мундијалот во Катар по подобро изведување пенали од Аргентина, а фудбалерот на ПСЖ беше најдобар стрелец на Мундијалот со осум гола.
Мбапе (24) е член на ПСЖ од 2017 година, а за овој клуб одигра 237 натпревари и постигна 190 голови. За француската репрезентација постигна 36 голови на 66 натпревари.