ФУДБАЛ

Реал Мадрид ја потврди позајмицата на напаѓачот во Рома

Реал Мадрид денес потврди дека напаѓачот Борха Мајорал ќе го носи дресот на Рома во следните две сезони.

Римскиот клуб постигна договор со Реал за позајмицата на 23-годишниот напаѓач, и тој ќе го засили офанзивниот дел од тимот, и ќе биде конкуренција со Един Џеко.

Борха Мајора ја помина целата своја младинска кариера во Реал Мадрид. Член е на првиот тим до 2015 година, но не играше премногу.

Тој беше на позајмица во Волфсбург и Леванте, за да се врати во Реал претходно оваа сезона.

Сепак, тој не остана долго. После два натпревари на кои играше беше одлучено да биде испратен на позајмица и Рома ќе добие напаѓачко засилување.