ФУДБАЛ

Реал Мадрид ја продолжи одличната серија и во новата сезона

Реал Мадрид ја продолжи одличната серија на стартот од новиот шампионат.

 

Во четвртото коло од шпанската Ла Лига го забележаа четвртиот триумф во новата сезона.

 

Тие на Сантијаго Бернабеу го совладаа истоимениот тим Реал Бетис од Севиља со резултат 2:1. И овој меч беше и дерби коло со оглед на тоа што беше средба меѓу првопласираните и второпласираните во поредокот.

На Кралевите не и беше лесно, иако во деветтата минута поведе со 1:0 со голот на Виникус Јуниор по асистенција на Алаба.

 

Гостите одиграа многу добар натпревар, не се предадоа само. Имаа свои шанси, а една искористија во 17. минута.

 

Каналес постигна гол за 1:1 по одличната асистенција на Иглесијас.

Во продолжение домаќините тргнаа поофанзивно, Бетис најмногу гледаше кон сопствениот гол, имаше неколку обиди од контри и полуконтри.

 

Се играше во 65. минута кога попушти одбраната на гостите од Андалусија.Валверде го стави на работа Родриго, а овој погоди за 2:1.

 

Имаше уште неколку шанси до крајот, но голот на Родриго се покажа како победнички.

 

Реал Мадрид е лидер со 12 бода и гол разлика 11:4, додека Бетис е втор со девет бода и гол разлика 7:3 по некомплетното четврто коло.

 

ПОВРЗАНО

Ла Лига