ФУДБАЛ

Реал Мадрид ја совлада Барса, Винисиус беснееше, не сака да биде заменет (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 2:1 го доби Ел Класико и „избега“ на првото место од директниот конкурент на плус пет бодови. Имаше на овој меч се и сешто, но и добар фудбал. Сепак, по дуелот најмногу се зборува за Винисиус кој беше еден од најдобрите на теренот против Барса. Чаби Алонсо одлучи да го извади од игра некаде во 70-тата минута, а тој бурно реагираше. Прво се чудеше зошто тој мора да ја напушти играта, а потоа мавтајќи со рацете и вербално негодувајќи го напушти теренот. Шпанските медиуми пишуваат дека ова е безмалку очекувана реакција од Винисиус кој не сакал да биде заменет на еден од најважните мечеви во сезоната.