Сезоната во шпанската Ла Лига е стопирана веќе повеќе од два месеци.
Причината е секако пандемијата на коронавирус, но челниците на ова натпреварување, предводено од Хавиер Тебас, даваат се од себе за да ја продолжат сезоната.
Барселона го предводи Шпанското првенство по 27 одиграни натпревари со два бода повеќе од најголемиот ривал, Реал Мадрид, но Лукас Васкез тврди дека неговиот тим на крајот ќе биде шампион.
“Сите играчи на Реал Мадрид се вистински професионалци. Ние работиме одлична работа за време на карантинот, тренираме многу и кога ќе се врати Ла Лига, ќе ја освоиме шампионската титула”, убеден е Васкез.
Фудбалската сезона во Шпанија е предвидено да продолжи кон средината на јуни, а сите натпревари секако ќе се играат без присуство на публиката.
До август треба да го дознаеме името на шампионите, Барселона или Реал Мадрид.