ФУДБАЛ

Реал Мадрид купи клуб кој ќе се вика Реал Мадрид Ц

Реал Мадрид има нова филијала.

По Кастиља, Мадрид го купи и РСЦ Интернасионал, клуб со кој долго време соработува.

Од сезоната 2023-2024 името на тимот ќе биде Реал Мадрид Ц, објави шпанска Марка, медиум кој е многу близок до Реал Мадрид.

Истото се случи и со женската екипа на Реал Мадрид која првично беше наречена Такон.

Заслуга за овој план беше Ману Фернандез, кој ги координира јуниорските тимови на Реал, а овој потег дојде откако доби согласност од неколку официјални лица, дури откако беа исполнети одредени услови.

Реал Мадрид Ц ќе биде младински тим, ќе игра во базата во Валдебебас и ќе биде еден од главните извори на таленти за првиот тим.

Она што е исто така важно да се спомене е дека се уште не се знае кој ќе биде тренер на Ц тимот на Реал Мадрид. Таа одлука допрва треба да се донесе.