Реал Мадрид размислува наскоро да му понуди понуда на тренерот Карло Анчелоти за продолжување на договорот. Актуелниот договор на Италијанецот е до летото 2024 година, а тој изјави дека има намера да се пензионира по неговото истекување. Сепак, газдите ќе се обидат да го убедат да остане подолго на „Сантијаго Бернабеу“.
63-годишниот стручњак е во втората сезона во Реал. Тој се врати во клубот минатото лето и во својата прва сезона на чело го предводеше тимот до триумф во Ла Лига, Лигата на шампионите, Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на Европа.
Претседателот на Реал, Флорентино Перез е повеќе од задоволен од играта на Анчелоти. Затоа планира да му понуди нов договор. Во оваа фаза не е јасно колку долго ќе трае новиот договор и дали селекторот воопшто ќе се согласи на повторно потпишување, иако шансите за тоа не се мали.
Со минатогодишната титула во Лигата на шампионите, Анчелоти стана најуспешниот тренер на турнирот со 4 трофеи на негова заслуга. Неговиот триумф во Ла Лига го направи првиот тренер кој освоил титули во сите големи лиги во Европа – Шпанија, Англија, Германија, Франција и Италија.