ФУДБАЛ

Реал Мадрид му оддаде почит на Бензема

Реал Мадрид на официјалниот клупски профил на Твитер му оддаде почит на францускиот напаѓач Карим Бензема. Тој беше прогласен за број 1 во светот на неговата позиција.

Бензема ги заслужи суперлативите по хет-трикот во победата од 3-1 над Челзи во првото четвртфинале од Лигата на шампионите во Лондон. „Името е Карим Бензема. Возраст – 34 години. Професија – најдобрата број 9 во светот“, се вели во соопштението на Реал.