ФУДБАЛ

Реал Мадрид најде замена за Бензема, поделени навивачите

На Реал Мадрид му е потребна замена за Лука Јовиќ и играч кој треба да го растерети Карим Бензема.

 

Во еден момент се споменуваше и Един Џеко, но на крајот Реал се откажа од можноста да го доведе напаѓачот на Интер, а сега медиумите во Шпанија пишуваат дека изборот паднал на Тим Вернер.

 

Германскиот репрезентативец е во Челзи од летото 2020 година кога пристигна од Лајпциг за 53 милиони евра, но во изминатите две сезони не беше на нивото на натпреварите во Бундеслигата.

На 56 натпревари во Премиер лигата, Вернер постигна само 10 гола, што секако е премалку со оглед на сите очекувања и вложените пари. 26-годишниот Вернер не се вклопи најдобро во стилот и игрите на Челзи, а не се снајде ниту во Англија.

Неодамна изјави дека не е задоволен и дека сака да игра повеќе, особено затоа што во Катар се игра Светското првенство, но прашање е дали би добил поголема минутажа во Реал покрај недопирливиот Бензема.

 

Сепак, не е исклучено играчот да сака да ја дели соблекувалната со најдобрите во светот и да биде член на славниот мадридски клуб, дури и по цена да поминува поголем дел од своето време седејќи на клупата. Со оглед на згуснатиот распоред и големите напори во текот на наредната сезона, Германецот повторно би добил адекватна можност во нападот да покаже што може.

 

Интересно, Вернер беше поврзуван со Реал и во летото 2017 година, кога беше замислен како замена за Алваро Мората, но Германецот остана во Лајпциг, а подоцна се пресели во Челзи.

 

Во сезоната 2016/17, Вернер постигна дури 24 гола со седум асистенции на 38 натпревари и тоа беше неговата најдобра сезона. Денеска е далеку од старата форма, но евентуалниот трансфер во Мадрид би можел да биде нов почеток. Навивачите на славниот клуб се поделени – едни сметаат дека тој е далеку подобар напаѓач од Лука Јовиќ или Маријано Дијаз и сигурно би бил одлично засилување за тимот, додека други сметаат дека во моментов има низа подобри опции.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаБундеслига