ФУДБАЛ

“Реал Мадрид не мора да игра во Мајами, а Барселона мора”

Во Шпанија, се уште постои голема дебата за тоа дали натпреварите од Ла Лига ќе се играат во САД.

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, е решен еден натпревар од оваа сезона да се игра во Мајами, а очигледно тоа ќе биде натпреварот Жирона – Барселона. Сепак, оваа идеја беше пречекан со големо неодобрување од клубовите кои не сакаат да одат во САД за да играат натпревар од шампионатот.

Иако Тебас планира овој натпревар во јануари следната година да се одигра во Мајами, ФИФА се уште не доби дозвола да започне со организацијата. Сепак, она што им пречи на многумина е изјавата на Тебас дека Реал Мадрид не мора да оди во САД, а Барса и другите клубови се принудени да го сторат тоа.

“Па, знам дека Реал Мадрид нема желба да игра во САД, не мора да оди во Мајами ако не го сакаат тоа, а од друга страна Барселона мора да го направи тоа”, рече Тебас.

ПОВРЗАНО

Ла Лига