Според извештаите на медиумите во Шпанија, се појавил голем проблем помеѓу Реал Мадрид и нивниот капитен Серхио Рамос.
Станува збор за нов договор. Капитенот на Реал има договор до 2021 година, а сè уште не добил повик за преговори за нов договор.
Рамос ќе има 35 години кога ќе му истече договорот и прашање е дали челниците на Реал Мадрид воопшто сакаат да го продолжат договорот.
Рамос сака договор до 2023 година, што е еден од проблемите, а Реал на играчите над 32 години им даваат едногодишни договори.
Финансискиот фер-плеј е исто така проблем, бидејќи Реал тешко ќе потроши околу 14 милиони евра по сезона за некој кој има 35 години.