ФУДБАЛ

Реал Мадрид нема пари за Мане

Реал Мадрид нема пари да го купи Садио Манен ова лето.

Пандемијата на коронавирус многу влијаеше врз европските клубови финансиски, вклучително и Реал Мадрид.

Затоа, британскиот медиум „Дејли Меил“ пишува дека лидерот на Ла Лига нема да може да го донесе напаѓачот на Ливерпул на „Сантијаго Бернабеу“.

Тренерот Зинедин Зидан е голем обожавател на репрезентативецот на Сенегал.

Сепак, опасниот напаѓач е прилично скап и се чини дека ниту еден клуб нема да може да го купи ова лето.

За ова не е исклучена можноста Мане да помине барем уште една сезона на „Енфилд Роуд“.

Тој беше еден од најзаслужните играчи во последните успеси на Ливерпул, во Лигата на шампионите и во Премиер лигата.

 

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаЛа Лига