ФУДБАЛ

Реал Мадрид новите играчи секогаш ги слика на истото место

Еден Азар ќе продолжи во дресот на Реал Мадрид, со кој ќе потпише петгодишен договор.

Азар помина успешни здравствени прегледи, а сега се очекува официјалното потпишување на договорот на кое Азар че се обрати на медиумите, како и претседателот Флорентино Перез.

После тоа, Азар за прв пат на теренот „Сантијаго Бернабеу“ во дресот на Реал Мадрид ќе покаже што знае со топката, а на овој стадион има повеќе од 50.000 фанови.

Вака беше последен пат пред десет години кога Кристијано Роналдо дојде во Реал Мадрид од Манчестер Јунајтед. Интересно, сепак, „Кралевите“ ја задржаа традицијата на објавување на фотографии на новите играчи.

Секој нов играч кој доаѓа на „Бернабеу“ за лекарски прегледи е на истото место, речиси во идентична позиција. Ова е традиција која „кралевите“ ја чувале повеќе од десет години.