Реал Мадрид на чело со Зинедин Зидан, оваа сезона блеска.
Избраниците на Зинедин Зидан синоќа во шпанскиот куп славеа победа над Сарагоса и ја продолжија серијата без загубен натпревар која трае 20 натпревари.
Реал кој е лидер на табелата во Ла Лига, оваа сезона игра во нависина подруго светло, има запишано 14 победи и 6 нерешени натпревари, на сите три „фронтови“, Ла Лига, Лигата на шампионите и шпанскиот куп.
Последниот пораз Реал беше на 19 октомври, во натпревар од Ла Лига со Мајорка (0:1). Оттогаш Реал ги совлада Галатасарај, Легањес, Галатасарај, Еибар, Реал Сосиедад, Алавес, Еспањол, Бриж, Хетафе, Валенсија, Севиља, Саламанка, Ваљадолид и Сарагоса. Нерешено одигра со Бетис, ПСЖ, Валенсија, Барселона, Атлетик и Атлетико.