Повеќе не е тајна дека Реал Мадрид е заинтересиран за играчот од средниот ред на Наполи, Фабијан Руиз.
Кралскиот клуб летово ќе се обиде да го донесе шпанскиот играч од средниот ред, кој веќе некое време обезбедува навистина добри игри во дресот на Наполи.
Овој 28-годишен фудбалер е на мета на Барселона и Манчестер Сити, но се чини дека Реал Мадрид покажа најголем интерес за него. Кралевите веќе подготвија понуда за него што би можело да биде многу интересна за Наполи.
Според италијанските медиуми, Реал покрај парите ќе понуди и еден играч, а тоа е Лукас Васкез. Тој има договор со „Кралевите“ уште една година, но очигледно е дека не размислуваат во Реал Мадрид да ја прошират соработката.
Лукас досега нема играно многу во сезоната, а во Реал сметаат дека ќе биде одличен „мамец“ во доведување на Фабијан Руиз на „Сантијаго Бернабеу“.