Реал Мадрид е подготвен да го доведе Рахим Стерлинг на Манчестер Сити, обидувајќи се да го искористи исклучувањето на англискиот гигант од Лигата на шампионите.
Според англиските медиуми, Реал подготвува неверојатна понуда од 216 милиони евра за трансфер на Стерлинг.
Шпанскиот гигант чувствува дека двегодишното исфрлање на Манчестер Сити од европските натпреварувања ќе влијае на одлуката на англиската sвезда да се пресели во „Сантијаго Бернабеу“.
25-годишниот напаѓач има уште три години на досегашниот договор со Сити.
Тој има огромна неделна плата од 360.000 евра, иако започнаа разговорите во ноември за да заработува 540.000 евра.
Сити ќе изгуби 205 милиони евра ако остане на сила одлуката за напуштање на Лигата на шампионите. И без овие приходи, малку е веројатно дека платата на Стерлинг би можела да се зголеми.
Стерлинг не ја криел желбата да игра во странство за време на неговата кариера.