По се изгледа дека е јасна политиката на Реал Мадрид, полека, но сигурно да градат иднина. За таа намера планираат да потрошат поголема сума на пари и да ги ангажираат најголемите таленти.
Тукасе Одегард, Винисијус, Родриго и уште неколку, а новиот тинејџер би можел да пристигне од Франција.

Според „Дон Балон“ Реал Мадрид е заинтересиран за Eдуардо Макавинга од Рен. Наводно за оваа цел подготвени се да потрошат 60 милиони евра за 17-годишниот талент, и да ги победат во трката Борусија Дортмунд, ПСЖ и Барселона.