ФУДБАЛ

Реал Мадрид повторно е светски шампион!

Играчите на Реал Мадрид го победија Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати во Абу Даби на Светското купско првенство со 4:1.

Реал Мадрид беше голем фаворит на овој турнир во Абу Даби и на крајот ја оправда улогата и постигна нов трофеј без големи проблеми.

Веќе во 14-тата минута, Лука Модриќ постигна убав гол за водство на Кралевите, иако претходно играчите на Ал Аин ималаа 100% шанса, но Серхио Рамос го спаси Реал во таа ситуација.

До 60-тата минута, играчите предводени од хрватскиот експерт Зоран Мамиќ успеаја да се спротивстават на нападите на кралскиот клуб, но потоа Лоренте ја затресе мрежата за 2: 0.

Во 79-тата минута, асистенција на Модриќ и погодок на Серхио Рамос, а во 86 минути откако Шиотони постигна погодок за Ал Аин. Финалниот резултат од 4:1 го постави Надер со автогол во судиското продолжение.

Ова беше трета последователна титула за Реал. Ова е четврти трофеј на за Реал а Барса е зад него со три титули.