По конфликтот на мислења за европската Суперлига, сега е спорно финалето на Лигата на шампионите од минатата година.
Реал Мадрид денеска го отфрли планот на УЕФА да им ги врати парите на навивачите за билетите за минатогодишното хаотично финале на Лигата на шампионите во Париз и додаде дека ќе обезбеди правна помош за сите навивачи да поднесат свои барања.
Мадриѓаните се незадоволни што УЕФА одлучи да обесштети само голем број на симпатизери на Реал, за разлика од навивачите на Ливерпул кои сите ќе добијат отштета.
Понудата до навивачите на Реал и Ливерпул беше ветена од УЕФА минатата недела, откако истражниот комитет укажа на сериозни организациски пропусти што доведоа до речиси „масовна катастрофа“ на „Стад де Франс“ на 28 мај.
„Многу од нив беа жртви на кражба на билети и кражба на лични предмети. А уште посериозно, некои од овие навивачи беа изложени на физички напади за кои беше потребна медицинска помош и прием во болница“, се вели во соопштението на Реал.
Мадрид им вети на навивачите дека за неколку дена ќе ги објават деталите како да покренат правна постапка против УЕФА.
„Нашиот клуб смета дека предлогот на УЕФА е недоволен. УЕФА во овој процес и бара УЕФА да ја преземе целосната одговорност“ , се додава во соопштението на Реал Мадрид.
