ФУДБАЛ

Реал Мадрид прави неочекуван трансфер, пристигнува човекот од доверба на Анчелоти

Реал Мадрид подготвува терен за неколку трансфери во текот на летниот преоден рок.

Антонио Рудигер е готово, нешто слично може да се каже и за Килијан Мбапе, а потребно е да се почека и официјална потврда за нивните трансфери.

На трибините доаѓаат неочекувани засилувања, барем така тврди Марка, бидејќи Андриј Лунин решил да го напушти клубот за да има поголема минутажа.

Замена за Тибо Куртоа во новата сезона очигледно ќе биде искусниот Давиде Оспина кој брани на врвно ниво.

Договорот на Оспинa со Наполи истекува на крајот на јуни, а колумбискиот голман ќе пристигне во Реал како слободен играч, што е голем плус за популарните Кралеви.

Карло Анчелоти е многу запознаен со човечките и голманските квалитети на Оспина бидејќи претходно го тренираше во Наполи.

Самиот Колумбиец е повеќе од возбуден за преселба на Сантијаго Бернабеу, иако е запознаен со фактот дека најмногу ќе ја загрева клупата.

Оспина е член на Наполи од 2019 година, претходно бранеше за Ница и Арсенал. Во Европа е веќе 14 години и со оглед на неговото искуство сигурно ќе му користи на Реал.