Фудбалерите на Реал Мадрид денеска на својот стадион ја совладаа Валенсија со 2:0 во натпревар од 23-то коло во шпанската Ла Лига.
Кралскиот клуб го започна денешниот натпревар на најдобар начин и поведе во 12-та минута. Крос асистираше, а одличен погодок за 1:0 постигна Карим Бензема.
Валенсија се обиде брзо да одговори, но едноставно немаа вистинско решение во нападот. Вториот гол Реал можеше да го постигне во 30. минута кога Бензема имаше уште една шанса, но овој пат не беше прецизен.
Но, во 42-та минута кралскиот клуб ја удвои предноста. Овој пат одличен погодок постигна Крос од врвот на казнениот простор и беше 2:0 за домашниот тим.
Валенсија можеше да го намали резултатот на почетокот на второто полувреме кога Гомез имаше шанса и шутираше добро, но Куртоа успеа да го одбрани неговиот удар.
Десет минути подоцна, Реал го постигна третиот гол преку Менди, но по ВАР, судијата го поништи овој гол поради офсајд и остана 2:0.
Кралевите рутински ја одржуваа предноста до крајот на мечот и постигнаа нови три бода. Реал се врати на второто место со 49 бода, додека Валенсија е на 12-то место со 24 бода.