Манчестер Јунајтед јасно му кажал на Пол Погба дека не го продава, иако сака да го напушти клубот.
Погба во Јунајтед дојде пред три години од Јувентус како огромно засилување, но јасно е дека во тоа време не напредуваше. Ова е најмногу поради тоа што Јунајтед не може да се врати на врвот, и затоа Погба побара заминување.
Во последно време се шпекулира дека францускиот репрезентативец својата кариера ќе ја продолжи во Реал Мадрид, но исто така дека има шанса да се врати во Јувентус.
Сепак, Манчестер Јунајтед не сака да остане без Погба, откако Солскјаер изјави дека е играч кој ќе биде главен дел од тимот за следната сезона.
Во Реал Мадрид не сакаат да се откажат толку лесно, а „Марка“ денеска објави дека сакаат да го завршат доаѓањето на Погба што е можно поскоро. „Марка“ известува дека Зинедин Зидан со сите сили тргна кон Погба, и сакал да го претстави на „Сантијаго Бернабеу“ пред 1 јули.
Сезонат во Англија започнува на почетокот на месецот, а во Шпанија на 8-ми јуни или седум дена подоцна. Затоа Реал Мадрид сакаат да го завршат што е можно побрзо трансферот на Погба за да може да има дополнителни седум дена одмор.
Реал е подготвен да плати околу 120 милиони евра, додека Јунајтед за Погба ја постави цената од 150 милиони евра.