ФУДБАЛ

Реал Мадрид се откажа од Мбапе, главна цел сега е Садио Мане

Реал Мадрид е еден од ретките клубови кои не се толку финансиски засегнати од пандемијата на коронавирус.

Многу клубови значително ги намалија платите на своите играчи уште од самиот почеток, а Реал Мадрид неодамна го стори тоа. Сепак, кралскиот клуб соопшти дека нивните планови за летниот преоден рок нема да се променат.

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал веќе има обезбедено голема сума пари за нови засилувања, и дека се очекува тие значително да го подмладат тимот. Прв на списокот со желби е Калјан Мбапе, но се чини дека Реал веќе „се олади“ малку од напаѓачот на ПСЖ.

Кралевите во неколку наврати се обидоа да преговараат со Мбапе, но тој не покажа голем интерес да дојде во „Сантијаго Бернабеу“ и ги замоли да чекаат да заврши сезоната.

Сепак, очигледно е дека веќе немаат толку трпеливост во Реал, па се свртеа кон другите мети. Како што пишува „Марка“, главна цел ќе биде Садио Мане, кој веќе неколку сезони игра одлично во Ливерпул.

Јасно е дека цените на играчите ќе паднат заради сите настани, но и покрај тоа, цената за Мане се очекува да биде околу 90 милиони евра. Дали Реал е во состојба да плати, останува да се види.