Изгледа дека Реал Мадрид во следната сезона ќе влезе со високо модифициран состав.
Барем, според шпанските медиуми, кои се убедени дека Реал ќе купи, но и дека ќе треба да продадат многу играчи.
На врвот на списокот на продажба се Бејл, Васкез, Маријано и Хамес Родригез, кои следната сезона нема да го носат дресот на Реал Мадрид.
Сè уште не е познато кои се главните цели на Зидан, но прв избор дефинитивно треба да биде играчот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.
Покрај четирите наведени играчи, Реал Мадрид сериозно размислува да ги продаде Начо, Марсело, Брахим и Лука Модриќ.
Останува да се види кој играч нема да го носи дресот на Реал следната сезона и кого Зидан ќе го донесе како засилување за својот тим.