Според пишувањето на шпанскиот весник „Дон Балон“, Реал Мадрид се подготвува за „бомба“. Наводно „Кралевите“ подготвиле 110 милиони евра за ангажман на Вирџил ван Дајк. Дефанзивецот на Ливерпул е во конкуренција за најдобар играч на светот, со години наназад важи за еден од најдобрите штопери, а Реал го сака најдоброто.
Ливерпул е актуелен европски првак, се наоѓаат на врвот на Премиер лигата, не се во криза, и не мораат да ги продаваат најдобрите. Што значи дека ова е тешко остварливо.