Според „Дон Балон“, Реал Мадрид го гледа дефанзивецот на Јувентус Мерих Демирал како идеално засилување за одбраната.
Турскиот централен бек не наоѓа простор во Јувентус и може да биде во искушение да го промени тимот.
Според шпанските портали, за 22-годишникот дресот и магијата на Бернабе може да биде неодолива.
Така, по договорот за Кристијано Роналдо, Јувентус и Реал Мадрид можат повторно да седнат на маса, овој пат за Демирал, кој би патувал во спротивен правец во споредба со Португалецот.