ФУДБАЛ

Реал Мадрид спрема богата понуда за СМС

Иако желбата на Зинедин Зидан беше да го доведе Пол Погба во Реал Мадрид, се чини дека ништо нема да биде од тоа.

Флорентино Перез најде замена за Погба во Лацио, Милинковиќ-Савиќ.

Наводно Реал Мадрид е многу заинтересиран да го донесе овој фудбалер, и подготвени се да му платат дури 105 милиони евра.

Перез веќе сакаше да го донесе овој фудбалер во Реал, но Зидан во тоа време го бараше Погба.

Со оглед на тоа што Манчестер Јунајтед нема да го пушти Французинот во Реал, Зидан треба да се сврти кон другите опции.

Така, челниците на овој клуб се подготвени да испратат одлична понуда до Лацио, и се надеваат дека ќе биде прифатена многу наскоро.