ФУДБАЛ

Реал Мадрид цел натпревар играше со играч помалку, ама победи убедливо (ВИДЕО)

Вечерва во Шарлот, Реал Мадрид ја оствари првата победа на Светското клупско првенство, откако во 2. коло од групната фаза ја совлада екипата на мексиканска Пачука со 3:1.

Кралскиот тим ја оствари победата и покрај тоа што имаше еден играч помалку практично во текот на целиот натпревар, бидејќи Раул Асенсио беше исклучен во 7-та минута. Дефанзивецот на Реал Мадрид доби директен црвен картон, но тоа не ѝ помогна многу на Пачука, бидејќи Реал веќе постигна два гола до крајот на првото полувреме.

Од истата група Салцбург и Ал Ахли одиграа без голови.

Во недешната програма Манчестер Сити славеше со 6:0 против Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати.

Попладнево во 18:00 часто во централно-европско време играат Атлетико Мадрид и Ботафого, а од 21:00 Сиетел против ПСЖ.