ФУДБАЛ

Реал Мадрид уште еднаш ја потврди својата големина

Реал Мадрид уште еднаш ја потврди својата големина.

Имено, шпанскиот клуб реши да донира еден милион евра за бегалците од Украина.

Како што е веќе познато, голем број граѓани ја напуштија Украина по инвазијата на Русија.

Спасот го најдоа во многу соседни земји, но и ширум светот, па потребна е помош.

Реал ја започна и кампањата „Сите за Украина“ и таа продолжува.

Секој што сака може да донира пари кои ќе им бидат исплатени на Украинците.

Вкупниот број на оние кои избегале од Украина е 2,8 милиони.